Проект на ученици од пет земји за мобилни апликации во образованието

Ученици и наставници од Турција, Литванија, Унгарија и Италија од денеска до 22 март гостуваат во Прилеп каде заедно со учениците и наставниците од прилепското економско средно училиште „Кузман Јосифоски Питу“ работат веќе две години на проектот од програмата „Еразмус плус“ финансиран од ЕУ, а насловен „Ефективна употреба на мобилни апликации во образованието“. Гостите ученици и наставници од четирите земји и прилепското средно економско училиште, денеска ја посетија прилепската локална самоуправа.

 

– Веќе втора година во нашето училиште се реализира проектот „Ефективна употреба на мобилни апликации во образованието“. Во рамките на овој проект, учениците посетуваат работилници каде изучуваат да изработуваат мобилни апликации што потоа би се реализирале на мобилен телефон или на таблет. Досега учениците учеа како може да направат такви апликации. На оваа четврта средба, нашите ученици изработија повеќе такви апликации што ќе бидат презентирани пред гостите. Тие апликации може да се користат на редовните часови во наставата или како забава. Со изработката на ваквите апликации се срушува бариерата што постои. Учениците ќе научат не само како да го користи мобилниот телефон, но и како да ги користат апликациите во секојдневниот живот или во наставата со цел да си ја олеснат секојдневната работа или забавата, вели Миоска, нагласувајќи дека прилепското училиште е добитник на овој проект.

 

За прилепскиот градоначалник Илија Јованоски многу е важно освојувањето нови знаења, но и нови пријателства.

 

– Размената на искуства, знаењата и заедничката работа за сите средношколци е огромен капитал во знаењето. Освен тоа, голем капитал се новите пријателства на учениците од сите земји, рече Јованоски.

 

Во рамките на посетата, гостите од четирите земји ќе ги посетат и Крушево, Спомен-куќата на Тоше Проески, Охрид и Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.