Патронажната служба со редовни посети на хронично болните во Струмица

Тимови на патронажни сестри на ЈЗУ „Здравствен дом" Струмица почнаа со редовни посети на хронично болните кои се лекуваат во домашни услови.

 

Според одговорната сестра Евдокија Митрева, од денеска посетите ќе се реализираат со новото возило, кое неодамна беше донирано од страна на организацијата „Сано" и министерот за здравство, Венко Филипче.

 

-Ги посетуваме хронично болните во нивните домови и при тоа им го мериме крвниот притисок и нивото на шеќерот. Исто така, проверуваме дали ја земаат пропишаната терапија, рече одговорната сестра Митрева.

 

Патронажната служба ќе ги посетува болните и во градот и во населените места. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.