Објавена продажба на седум градежни парцели за куќи во Гевгелија

Општина Гевгелија денеска објави јавен повик за продажба на седум градежни парцели наменети за домување во станбени куќи, што се наоѓаат во населбите Моински пат и Караорман.

 

Две од парцелите,со површина од 362 и 467 метри квадратни, се наоѓаат во населбата Моински пат, а останатите пет, чија површина се движи од 285 до 306 метри квадратни, се наоѓаат во населбата Караорман. Почетната цена за која ќе се продаваат понудените парцели преку електронско јавно наддавање изнесува 61 денар за метар квадратен.

 

Право на учество на аукцијата имаат сите заинтересирани физички и правни лица кои ќе достават уредни апликации со банкарски гаранции по електронски пат на адреса на општина Гегелија, најдоцна до 30 јануари.

 

Електронското јавно наддавање за градежните парцели во населбата Моински пат ќе се изврши на 1 февруари во времето од 9 до 9 и 30 часот, а за парцелите во населбата Караорман истиот ден во периодот од 10 до 12 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.