All for Joomla All for Webmasters

Привршуваат подготовките за Вевчанскиот карневал

Привршуваат последните подготовки за годинашниот Вевчански карневал што од 12 до 14 јануари ќе се одржува во Вевчани. Екипи на „Македонија пат“ работат на расчистување на снегот до селото, кој изминатите два дена континуирано паѓа во охридско-струшкиот регион.

 

Градоначалникот Сашо Јанкоски во изјава за МИА посочи дека речиси се е подготвено за најстарата карневалска манифестација на овие простори.

 

Вевчани и годинава ќе биде театар на отворено, каде покрај традиционалните маски на зетот и невестата, глупавиот август и ѓаволите, ќе бидат прикажани и настани што ја одбележаа изминатата година. Вевчанци ќе кажат се, но до карневалското дефиле не откриваат во што ќе бидат маскирани.

 

Празнувањата за дочекот на Новата година, според јулијанскиот календар, во Вевчани ќе почнат в сабота со настап на групата „Архангел“, Неша од групата „Галија“, Културно уметнички работници и ди – џеј Рутбој. Следната вечер присутните ќе ги забавуваат „Кате и Нели ти реков“, „Баклава“, „Џубокс бенд“ и оркестар „Зурли и тапани“ од Вевчани.

 

Дента пак, на 13 јануари напладне ќе почне дефилето под маски, каде се очекуваат над 1.000 поединечни и групни маски. После полноќ, според традицијата, младоженецот и невестата одат на Вевчанските извор да полнат вода, со која го приготвуваат кашарникот, а после пладне маските се палат на сред село, со што завршуваат карневалските чествувања.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.