Унгарското МНР ниту потврдува, но ниту демантира дека Груевски е во Унгарија

Унгарското Министерство за надворешни работи во писмениот одговор за МИА ниту потвдува, но ниту демантира дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски се наоѓа во Унгарија.

 

На прашањето на МИА да ни дадат одговор дали Груевски се наоѓа во Унгарија и дали тој побарал политички азил во оваа земја, од унгарското МНР одговараат: „Не можеме ниту да ја потврдиме, ниту да ја демантираме оваа информација".

– Не можеме да ви обезбедиме информација за процедурите за добивање азил, кои се уште се во тек, се додека тие не се комплетираат, се наведува во одговорот на унгарското МНР за МИА.

 
Груевски попладнево се огласи со статус на својот фејсбук профил во кој вели дека е во Унгарија каде што побарал политички азил од тамошните власти.
 

– Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам, наведува Груевски во статусот на својот Фејсбук профил.

 

Од вчера попладнето Груевски се бара со национална потерница заради издржување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.