Демант од СОНК во врска со денешната прес-конференција на Јаким Неделков

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.Македонија – СОНК  ги демантира и ги отфрла  како невистинити насловите и текстовите на одредени електронски и пишани медиуми во врска со денешната прес конференција на претседателот на СОНК, г-дин Јаким Неделков.

 

Имено, во средствата за јавно информирање беше пласирана информација дека …,,СОНК бара зголемување на платите од  5%  од 1-ви јануари, а не од септември 2019 година,,…. што е всушност невистина,  груба шпекулација и манипулација со јавноста, а особено со членовите на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.Македонија – СОНК.

 

Вистинската изјава беше дека…,, СОНК бара зголемувањето на платите , наместо од септември 2019 година да биде од јануари 2019 година и тоа за многу повисок процент од предложените 5% , со кои што апсолутно не сме задоволни,,…

 

СОНК смета дека со ваква намерна или ненамерна грешка објавена преку медиумите во јавноста е направена голема штета на нашата организација, па заради тоа бара од сите медиуми кои што ја објавија оваа грешна информација веднаш да ја исправат  и да го објават ова наше писмо со демант.

 

Претседател на СОНК: Јаким Неделков

  





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.