СДСМ:Во страв од соочување со одговорноста за криминалот Груевски побегна на подмолен начин

Осудениот криминалец Никола Груевски самиот потврди за себеси дека срам и кукавица. Во страв од соочување со одговорноста за криминалот Груевски побегна на подмолоен начин.

 

Криминалецот Груевски го допре дното, падна на најниско можно ниво.  Со кукавичкото бегство, лажниот патриот, криминалецот Груевски покажа дека останува верен на казуата на криминалот што со години го приредуваше.

 

Никола Груевски е срам за јавноста и срам за ВМРО-ДПМНЕ.

 

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на чело со пионот Христијан Мицкоски, се единствените кои го барант неговото криминално дело.

 

Неговиот пион Мицкоски треба да одговори дали го оправдува бегството на Груевски и неговото криење од правдата?

 

Институциите имаат обврска пред граѓаните да утврдат и да соопштат кој е одговорен за ова. Зошто не е одреден притвор или друг начин на обезбедување? Зошто со денови се чекаше и не се побара на време од МВР потерница, за да може да се активира одделот за потраги?

 

Соочен со сопствениот страв и  очај Груевски може да се обидува да бега.  На Груевски и на оние што се обидуваат да го бранат криминалот мора да им стане јасно дека никој нема да може да побегне од правдата.

 

 ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА    СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.