Соученик барајќи пари уценувал 15 годишно девојче во Куманово
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 13 Ноември 2018
Соученик барајќи пари уценувал 15 годишно девојче во Куманово дека ќе каже компромитирачка информација за нејзините родители, информираше денеска СВР Куманово.
Случајот во полицијата, вчера го пријавила 49 годишната мајка на девојчето. Во соопштението на СВР Куманово се наведува дека жената пријавила оти нејзината 15 годишна ќерка била уценувана од нејзин соученик кој со намера за себе да прибави противправна имотна корист и се заканувал дека ќе каже компромитирачка информација на нејзините родители и од неа барал 5.500 денари.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс