Велешките Гимназијалци се запознаа со медиумската писменост и да градат критичка мисла

Во рамки на проектот „Читај меѓу редови" на Фондацијата „Фокус" и Медиумскиот средношколски форум, учениците од велешката Гимназија „Кочо Рацин" попладнево се запознаа  со проектот во кој ќе бидат вклучени во наредните четири месеци, заедно со нивните врсници од Гимназијата „Добри Даскалов" од Кавадарци.

 

Воведничар за темата „Борба против лажните вести, манипулации и градење на критичка мисла" беше новинарот Саше Димовски.

-Најважно  за нас како предавачи  е  да ги запознаеме учениците, како да ги препознаат лажните вести, како да се справат со нив и да знаат  што се' им се нуди без оглед дали се печатени медиуми, телевизија или портали. Бидејќи социјалните мрежи се извор на голем број на информации, ние предавачите им посочивме дека треба добро да размислат што понатаму и дали истите треба да ги споделуваат. Во таа насока  ги запознавме  и со петте основни новинарски прашања: кој, што, кога, каде и зошто,појасни   Димовски.

 

На гимназијалците низ вежби со примери им било презентирано како да ги бараат грешките и да увидат дали во вестите се запазени новинарските стандарди или станува збор за лажни вести. Учениците направиле анализа и ги лоцирале направените грешки од јазичен се' до суштински карактер.

 

Во рамките на проектот предвидено е учениците и самите да подготвуваат прилози кои треба да ги објават во локалните медиуми во Велес и Кавадарци, а на крајот на проектот во февруари идната година, тие заедно ќе се сретнат и ќе дебатираат на темата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.