Од среда позначително опаѓање на температурата

Во Македонија ќе има услови за појава на магла по одделни котлини, а од среда позначително опаѓање и на утринската и на дневната температура.

 

Како што информира УХМР, заладувањето е условено од умерен, повремено засилен северен ветер што ќе придонесе за расчистување на воздухот по котлините.

 

Од утре утринските температури ќе се движат од -4 до 5, а дневните од 14 до 19 степени. До крајот на неделата од УХМР најавуваат постојано намалување на температурите и за деновите од викендот утринските ќе се спуштат и до -6, а дневните до 13 степени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.