Охрид се претстави на Меѓународниот саем за вино „Жупа 2018" во Александровац

Охрид во својство на град-партнер учествуваше на седмиот по ред Меѓународен саем на вино „ЖУПА 2018" што се одржа во српскиот град Александровац.

 

На саемот во Александровац учествуваа над шеесет винарии од Србија, Македонија, Црна Гора, Бугарија и  Румунија, како и туристички работници и агенции од регионот.

 

За Охрид како туристичка дестинација со богато културно наследство и традиционална понуда за регионалните пазари на соседните држави, таквите регионални манифестации претставуваат извонредна можност за туристичка промоција, реализација на деловни активности и воспоставување партнерска соработка.

 

Доколку се има предвид фактот дека активниот туризам во кој спаѓа и винскиот туризам, претставува туристичка гранка која на пазарите секоја година добива се поголемо внимание и значење, промоцијата на Охридскиот регион и угостителската понуда на регионални и локални вина во туристички цели претставува можност што треба да се развива и во иднина поинтензивно да се промовира, сметаат во Секторот за туризам при Општина Охрид.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.