Втор Меѓународен саем за иновации - се зголемува бројот на заинтересирани иноватори

Расте  интересот на иноваторите да се претстават на вториот Меѓународен саем за иновации.

 

Глампинг шатор поставен на начин на кој природно го климатизира воздухот, електронски водена интернет прогноза - уред кој е поврзан со интернет и кој може навремено да алармира при опасност од поплави, импланти за заби кои може да се вградат без операција, а се двојно поевтини од другите, Energy combing sun central, модуларно адаптивни протези за колкови со интелегенти материјали беа дел од производите, кои беа претставени денеска на 2. Меѓународен саем на патенти, пронајдоци, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2018.

 

На саемот учествуваат 21 држава од четири континенти, а Мирко Узелац, претседател на Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија во изјава за МИА нагласи дека на саемот учествуваат неколку македонски поединци иноватори, неколку македонски компании, но и иноватор од Сирија.

 

На саемот, додава Узелац има повеќе патентирани изуми. - Практично највисока форма на иновација. Секоја иновација не мора да биде патент, но секој патент мора да биде иновација. Со добра и квалитетна заштита на домашно и европско ниво можеме да постигнеме заштита на нашите патенти, нагласува тој во разговор за МИА. 

 

Посетителите на саемот имаа прилика, меѓу другите да се запознаат со иновацијата на компанијата „Панекс“. Станува збор за иновација на пронаоѓачот Златко Панков, која добила голем број награди во странство - на шест меѓународни саеми, на саемот во Чешка освоила пехар за најдобар патент.

 

Станува збор за глампинг шатори, целта е поврзување на човекот со природата, без таа да биде оштетена од неговиот престој во неа. Гампинг шаторите се еден вид полуксузни шатори, внатре се целосно опремени, наменети се за некој вид на луксузен туризам, може да се постават на каква било подлога, не е потребно израмнување, ниту градежна дозвола, појаснува Узелац за МИА. 

 

Патентот е во начинот на кој е конструиран и поставен, при што во горниот дел има простор меѓу двете платна за циркулација на воздухот. Узелац нагласува дека станува збор за природна клима, разликата во воздухот внатре и надвор е околу осум степени. Глампинг шаторот засега се извезува во Хрватска и Австрија. 

 

Узелац вели дека Асоцијацијата упеала да го промени трендот на опаѓање на заинтересирани иноватори.

 

Како национална асоцијација за кус период влегле во Светската федерација на иноватори, каде, како што рече, сме полноправна членка.

 

 - За споредба на пример Русија која е неспоредливо над нас во однос на иновации и инвестирање е кандидат за членка, а ние веќе сме членка, појаснува Узелац и додава дека Асоцијацијата финансиски е поддржана од Владата, Фондот за иновации, Државниот завод за индустриска сопственост, компанијата „Панекс“...

 

Појаснува дека измиантите десет години поради лошата политичко- економска клима иноваторите некако биле тргнати настрана.

 

- На пример во 2006 имавме околу 340 до 350 домашни патентни пријави. Во 2016 паднавме на 29 домаши патентни пријави. Има повеќе чинители за сето тоа. Генерално иноваторите немаат сериозна поддршка, не се гледа сериозно на иновациите, како институциите се уште да не сфаќаат што значи тоа. Ние немаме ниту нафта, ниту некои други исклучително вредни природни богатства и мораме да го користиме ресурсот, што го имаме  -  тоа се нашите иноватори, нагласи Узелац во разговор за МИА. 

 

Истакна дека Фондот за иновации повеќе им помага на старт-ап компаниите и додаде дека има најава дека ќе се отвори можност за воспоставување комуникација со иноваторите како физички лица, кои сакаат да аплицираат, да го донесат својот изум, тој да помине одредена комисија и да добие поддршка да отвори фирма.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.