Ле Роа со поддршка за референдумот како предуслов за интегрирање во НАТО и ЕУ

Евроатлантскиот интегративен процес на Република Македонија и претстојниот референдум беа во фокусот на денешната средба на заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски со Ален Ле Роа, француски амбасадор и поранешен специјален пратеник на ЕУ во земјата.

Амбасадорот Ле Роа упати силна поддршка за престојниот референдум, како предуслов за нашето конечно интегрирање во НАТО и ЕУ.

- Официјален Париз цврсто стои позади евроатлантските аспирации на Република Македонија, нагласи Ле Роа на состанокот.

Жерновски истакна дека Република Македонија се наоѓа пред историски момент и историска шанска за граѓаните да го трасираат патот на државата во иднина.

Тој наведе дека нашата држава е на чекор поблиску до остварување на нашата стратешката цел , членство во ЕУ и во НАТО, се наведува во соопштението на МНР.

- Особено треба да не радува фактот што проектот за интеграција во Европската унија не обединува по етничка линија и тоа не прави уште посилни. Деновите кои ги живееме и одлуката пред која сме исправени е многу поголема и поважна од меѓусебните партиски битки, кои секако ќе ги продолжиме по 30. септември. Но, оваа тема и нашата заедничка и просперитетна иднина мора да не обедини сите, потенцираше Жерновски на состанокот.

Информираше за реализираните реформи како и напорите, кои Владата ги презема во насока на отпочнување на преговори со ЕУ во 2019 година и за членство во НАТО.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.