Уапсен албански државјанин кој со лажни документи сакал да излезе од Македонија

Албански државјанин со лажна италијанска лична карта се обидел да излезе од Македонија.

 

Како што соопшти МВР, вчера во 17:50 часот на граничниот премин „Свети Апостол Павле“ - Охрид, за излез од РМ се пријавил да патува Г.Д.(28) од Наполи - Италија, со италијанска лична карта за која било констатирано дека е фалсификат.

 

Од извршениот преглед на неговиот багаж била пронајдена албанска лична карта на име К.Г. (26) од Тирана, Албанија.

 

Лицето е лишено од слобода и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.