All for Joomla All for Webmasters

Купи километар на „Skopje Run 10K" - донирај за СОС Детско село

Траката „ Skopje Run 10K“, што ќе се одржи на 7 октомври, претставува можност за донирање на средства за СОС Детско село. 

Првиот чекор е да се направи профил на https://www.smartrace.club/.  Кога ќе се избере трката „Skopje Run 10K“ се отвораат неколку можности меѓу кои и купувањето на километар за себе (ако некој се пријавил да трча) или за некој од амбасадорите. Со профилот може да се купат од еден до 10 километри, по цена од 100 денари по километар.

Трката што ќе се одржи на бул. „Илинден“ во Скопје, со почеток од 9:00 часот, претставува уникатно поглавје во кое се вклучија десетици познати личности. 

Секој може да стане дел од „СекојКилометарЗначи“ и да ги поддржи СОС Детско село во нивната мисија, а воедно и да го подобри својот спортски начин на живот преку учество во „Skopje Run 10K“.

„СекојКилометарЗначи“ со помош на амбасадорите Марко Марк, Андреј Стојаноски, Евгениј Хоуп, Сашко Коцев, Бојан Трајковски, Едина Муса, Цеце Трајковска, Јана Стојановска, Тино Костадиновски, Влатко Грозданоски, Елена Митева, Марко Новески, Перо Георгиевски, Ирена Спировска, Катарина Ивановска, Јована Георгиева, Ивана Торес, Викторија Лоба, Димитар Атанасовски, Игор Стефановски – Иџе, Игор Ангелов, Гоце Андреевски, Гораст Цветковски и Столе Стоилов цели кон зголемување на основната човекова доблест, хуманоста.

Воедно  сѐ уште е отворена и опцијата да се купат dry – fit маици од „Skopje Run 10K“, од кои 100 денари се донираат во истата цел. 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
       

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.