Отворен првиот KFC ресторан во Македонија

Во Скопје денеска е отворен првиот ресторан на американскиот бренд Kentucky Fried Chicken (KFC).

 

Станува збор за fast food ресторан, кој се наоѓа во трговскиот центар „Сити мол“. Инвестицијата е во вредност од 10 милиони евра и предвидено е да се отворат 400 нови работни места.

 

На отворањето присуствуваше премиерот Зоран Заев, американскиот амбасадор Џес Бејли и и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богов.

 

- Како општина Карпош сакам да истакнам дека негуваме партнерски однос со сите бизниси на наша територија. Во нас, како локална смаоуправа, менаџментот на KFC може да гледа вистински поддржувач и партнер, рече градоначалникот Богов.

 

 KFC како бренд е застапен во 123 држави во светот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.