Промоција на книгата „Великата лирска песна“ од Санде Стојчевски

На 18 мај 2022 година во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Великата лирска песна“ од Санде Стојчевски.

Книгата е добитник на престижната награда „Ацо Шопов“ на ДПМ за најдобра поетска книга во 2021 година.

За книгата ќе зборува проф. д-р Лидија Капушевска – Дракулевска, а стихови од наградената книга ќе кажува актерот Андреј Серафимовски

Настанот ќе се одржи во спомен-собата на Миладиновци.

Санде Стојчевски – поет, критичар, есеист, антологичар, полемичар и препејувач. Роден е 1948 година. Автор е на 70 книги од сите жанрови, преведуван е на многу јазици и добитник е на повеќе награди во Македонија и странство, меѓу кои „Браќа Миладиновци“ на СВП и „Ореден Мајаковски“ на Сојузот на руските писатели. Оваа година го одбележува јубилејот, 50 години од излегувањето на неговата прва книга „Кралот на лебедите“ во 1972 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.