Агенцијата за филм со отчет за средствата потрошени во текот на минатата година

Агенцијата за филм во насока на транспарентност на средствата реализирани од годишниот буџет, почнувајќи од 2019 година издава публикација наречена „Факти и бројки“.

Во публикацијата „Факти и бројки 2020“ детално се впишани средствата со кои се финансирале филмски и други проекти од национален интерес, финансирани по конкурси објавени од страна на Агенцијата за филм, реализирани средства за активности за развој на филмската дејност и меѓународната промоција на македонското творештво.

„Вкупниот буџет на Агенцијата за филм за 2020 изнесува 161.869.732 денари од кои 10% отпаѓаат на плати, надоместоци, даноци и за останати оперативни расходи за одржување на институцијата, а 90 % се наменети за македонскиот филм.За проектите за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм (национални филмови и мнозински ко-продукции, малцински ко-продукции) потрошени се 112.578.215 денари“, се наведува во соопштението на Агенцијата.

Од таму додаваат и дека за други проекти од национален интерес: членарини во меѓународни организации, меѓународна промоција на македонското творештво и унапредување на филмската дејност потрошени се 27.120.504 денари.

„Агенцијата за филм и понатаму ќе остане транспарентна пред јавноста, а 'Факти и бројки' ќе остане практика и во иднина”, изјави директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски.

Публикацијата е објавена на веб-страницата на Агенцијата и можете да ја најдете на следниот линк.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.