Од вечерва Бригада - нова серија на ТВ МТМ

Од вечерва во 21:00 часот започнува нова серија на ТВ МТМ - Бригада. Во текот на 1989 година Саша Белов се враќа од војната во Авганистан. За цело тоа време додека бил отсутен, животот во неговата земја Русија се изменил многу.

Неговите пријатели од детството, Пчела и Космос за тоа време се претвориле во рекетари. Саша дознава дека и неговата девојка Лена исто така го изневерува. Додека ги решава проблемите со неа пред клубот во која таа работи, тој се судира со нејзиниот нов “газда“ Мува, со криминално досие. Роднина на самиот Мува е Каверин, висок чиновник во полицијата во Русија. Пчела и Космос го наговоруваат на Саша да започне да се заниава со рекетарство, но тој постојано не прифаќа, бидејќи се подготвува да се запише на факултет. Нивниот последен другар, Фил заработува пари учествувајќи на натпревари на “улични борби“. На еден натпревар во самата публика е и Мува, чија цел е да го убие на Саша. Избувнува масовна тепачка, каде на крајот полицијата, на чело со Каверин, го пронајдува мртвото тело на Мува. За тоа убиство е обвинет Александар Белов-Саша, кој Космос успева да го сокрие надвор од градот. Во вилата каде што престојува, Саша се вљубува во сосетката и негова идна жена Оља. Со текот на времето, Саша и неговата новоформирана “бригада“ стануваат највлијателните луѓе на црниот бизнис во Русија...

Бригада се емитува секоја сабота во 21:00 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.