Премиера на претставата „Диши“ во Драмски театар Скопје

На 29 декември (вторник) со почеток во 12 часот Драмски театар Скопје премиерно ќе ја изведе претставата „Диши“ по текст на Данкан Мекмилан во режија на Димче Николовски – Димсата.

„'Диши' е прекрасен предизвик кој не дозволува да му се доближиш без сериозно истражување на повеќе области при сценската реализација. Секое истражување мора во себе да содржи и преиспитување. 'Диши' како да живее низ преиспитување. Прекрасен процес, супер соработници, едноставно уживање. Се надевам дека и публиката ќе почувствува барем еден дел од тоа наше уживање“, вели режисерот на претставата.

Улогите ги толкуваат Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.

Драмскиот театар апелира заинтересираните за следење на оваа претстава претходно да ги контактираат во однос на протоколите за Ковид-19.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.