Почина хрватскиот актер Перо Квргиќ

На 94 години во Загреб почина познатиот хрватски актер Перо Квргиќ. Легендарниот театарски, филмски и телевизиски актер ја помина последната година од својот живот во Домот за стари лица во Лажинска.

Роден е во Моравице во Горски Котар, на 4 март 1927 година. Во својата долга кариера глумеше во сите поголеми хрватски театри и често можевме да го гледаме во филмови и ТВ серии.

Се проценува дека тој имал над 190 улоги во својата кариера, а глумел дури и во подоцнежните години, па го прослави својот 90-ти роденден со „Стилске вјежбе“ на театарската сцена, пренесе „Јутарњи лист“.

Во својата кариера, тој доби бројни награди, вклучувајќи ја и наградата за животно дело „Владимир Назор“.

Поранешниот претседател на Република Хрватска, Стјепан Месиќ беше одликуван со Орден на принцот Бранимир за исклучителен и долгорочен придонес во културата на Република Хрватска, а во 2007 година ја доби својата ѕвезда на хрватската улица на славните на шеталиштето Слатина на Опатија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.