Во Скопје се снима краток игран филм со работен наслов „Зајко”

Деновиве на неколку локации во Скопје се снима краткиот игран филм со работен наслов „Зајко”, кој е во македонско-хрватска копродукција, а во режија на хрватскиот режисер и сценарист Марко Чавка и македонскиот режисер Бранко Попчевски.

Сценариото е на Марко Чавка. Актерската екипа ја сочинуваат нашите познати актери Елизабета Клинчаревска Младеновска и Џенап Самет, како и децата актери Адреин Гане Боирал и Анастасија Аневска.

Станува збор за емотивна приказна која ги опфаќа социјалните разлики и различнте аспекти на идеологијата во современиот свет.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.