Жељко Бебек во живо во Македонската филхармонија

Легендарниот Жељко Бебек со неговиот бенд ќе ни овозможи во навистина раритетниот простор на Македонската филхармонија, конечно да ги слушнеме во живо безвременските хитови од „Sanjao sam noćas da te nemam“, „Sve će to o mila moja prekriti ruzmarin snjegovi i šaš“, „Selma“, „Ima neka tajna veza“, „Doživjeti stotu“..., потоа „Oprosti mi što te volim“, „Laku noć, svirači“..., па сѐ до актуелните песни од последниот албум на Бебек “Ono nesto nase” како “Ako volis ovu zenu”, “Ljubav ko iz pjesme” и други, со кој ги наполни буквално сите концертни сали во регионов. 

Да бидеме искрени, во најголемата група на Балканот на сите времиња „Бијело Дугме“, поминаа уште двајца пејачи, ама покрај Горан Бреговиќ, посебен белег на бендот со дури шест албуми даде токму Жељко Бебек, неприкосновен вокал, којшто ги отпеа најголемите песни на бендот, а и после “Бијело Дугме” успеа да направи многу респектабилна соло кариера.

Во Македонската филхармонија, сѐ ова ќе биде споено во едно. 

Иако делува неверојатно за толку голем пејач, ова е прв пат во неговата кариера Жељко Бебек заедно со неговиот бенд да настапи соло во Скопје. 

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре наутро во 9 часот, во Avalon music & ticket store, продажните места во мрежата на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.