Премиера на „Сара“ во Велешкиот театар

 Во четврток, 6-ти февруари, на малата сцена со почеток во 20 часот, Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, Велес премиерно ќе ја изведе претставата „Сара“ од Катерина Момева, во режија на Елеонора Теова.

„Сара“ е праизведба на истоимениот драмски текст на Катерина Момева и втора премиера на Велешкиот театар за сезона 2020 која театарот ја реализира од сопствени средства. Улогите во претставата ги толкуваат Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Симона Димковска, Кристина Нацева, Самоил Стојановски и Славица Манаскова. Сценограф на претставата и автор на рекламниот материјал е Филип Коруновски, а изборот на музиката е на Орхидеја Дукова.

„Сара е драма за невротичната потреба за љубов, хистеричната потреба за внимание, растроената потреба да се сочува илузијата на секојдневието. Драма за човечкото и животинското во нас, за нагонот кој што сака самиот себе да се изрази, но и размисла за последиците од тоа.“ – вели режисерката Елеонора Теова.

„Подобро да не навлегуваш во мрачните страни на човек затоа што не знаеш што ќе најдеш таму. А што би нашол? И можеби тој мрак од кој толку се плашиме сака да биде пополнет со љубов.“ – ќе напише авторката на драмата Катерина Момева.

Претставата трае 90 минути и не се препорачува за лица под 16 години. Првата реприза на претставата е на репертоарот на театарот во четврток, 13-ти февруари во 20 часот.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.