Вевчани подготвен за карневалот, маските ги чуваат во тајност

Под мотото „Напрај се василичар“, вевчанци ги завршуваат подготовките за Вевчанскиот карневал. Маските се подготвени, василичарите го чекаат 13 јануари за конечниот почеток на карневалот стар милениуми.

 

Вевчанци прашуваат: „Кеојш?“ Одговорот веќе го знаете: На Вевчански карневал!

 

Вевчанци и оваа година очекуваат рекорден број  посетители. Минатата година над 10 илјади гости присуствуваа на Вевчанскиот карневал, а домаќините велат дека секоја година бројот се зголемува. Тие сèуште ги чуваат во тајност маските коишто ги подготвуваа во текот на целата година, но најавуваат многу сатира, креативност и одлична забава.

 

Рестораните и кафеаните се подготвени за да ги пречекаат гостите. Велат дека неодоливата вевчанска кујна и вкусното вевчанско вино несомнено ќе ги расположат посетителите и покрај ниските температури.

 

Искористете го продолжениот викенд за да го посетите овој несекојдневен настан, а воедно и да уживате во вевчанскиот крај цели 5 дена. Вевчанци како домаќини ветуваат луд и незаборавен провод со многу хумор и сатира.

 

Вековната традиција и историја на Вевчанци вреди да се почувствува на Вевчанскиот карневал. Вевчани и Вевчанци се подготвени, а вие?





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.