Отворена галерија на урбана уметност во катната гаража „26 Јули“

Отворена галерија на урбана уметност во постоечки архитектонски контекст ќе се одржи попладне со почеток во 18 часот со отворањето на Skopje street art & graffiti gallery 2, во катната гаража „26 јули“ (прво ниво).

 

Галеријата ќе биде составена од дела направени од 13 домашни ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити уметност кои беа избрани преку конкурсен повик.

 

Артисти: Андреј Павлов, Блаже Атанасков, Владимир Илиевски, Владимир Милиќ, Гоце Илиевски, Дејан Давчевски, Драган Китановски, Ивана Мојсовска, Ирина Атанаскова – Цоневска, Максим Димитров, Марјан Димиќ, Марко Вујисиќ, Тамара Забазноска.

 

Организатори на овој проект се Младинскиот културен центар и Град Скопје. Проектот е дел од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.