Музиката на моќниот „Рејдиохед“ во џез-верзија во Филхрамонија

Во големата сала на Филхармонијата на 30 ноември биг-бендот на Здружението на џез-музичари на Македонија (ЗЏМ) ќе ги изведе најдобрите теми на една од најпопуларните музички групи на сите времиња, „Рејдиохед“.

 

Станува збор за проектот под наслов „RADIOHEADJAZZ!“ со џез-верзии на песните на британската алтернативна рок-група „Рејдиохед“ - бенд кој од своето постоење до денес изврши огромно влијание на повеќе генерации музичари ширум светот и донесе прогресивен, иновативен и моќен звук.

 

„Џез-аранжманите на нивните композиции ќе бидат уникатна фузија меѓу различните музички правци и тоа за првпат ќе биде претставено на македонската музичка сцена“, информираат од ЗЏМ за концертот чиј почеток е закажан во 20 часот и додаваат дека со овој проект ја прошируваат својата репертоарна политика и естетските хоризонти.

 

Со биг-бендот на ЗЏМ ќе диригира Зиги Фајгл од Австрија, познат на македонската публика од неговите досегашни фантастични настапи со овој ансамбл.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.