Премиера на „Орестија 1/4“ во МКЦ

Денеска и утре, 28 и 29 октомври, во МКЦ ќе се одржи премиера и прва реприза на претставата „Орестија 1/4“, во режија на Ивица Димитријевиќ.

 

Претставата е дел од The Chorus Project - проект поддржан од Креативна Европа (Creative Europe), во копродукција на МКЦ – Скопје, Апстарт театар (Upstart Theater) од Лондон, Патос (Pathos) од Минхен и Театар Ам Ленд (Theater am Land) од Грац.

 

Билетите за двете изведби се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.

 

Во претставата играат: Орест – Стефан Вујисиќ, Електра – Наталија Теодосиева, Хороводецот – Жарко Јовановиќ, Клитајмнестра – Драгана Лошкова и Ајгист – Димитрија Доксевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.