Излезе од печат третото издание на книгата „Трагачи по афоризми“ од Миле Ѓорѓијоски

Излезе од печат третото издание од книгата „Трагачи по афоризми“ од афористичарот Миле Ѓорѓијоски.Како што информира авторот, се работи за издание во кое со свои афоризми се застапени вкупно 61 автор од 19 држави во Европа

.-Секој автор е застапен со по 30 афоризми. Книгата има 380 страници и вкупно 1800 афоризми. Кориците се изработка на Игор Смирнов, од Русија и Јитет Коестена од Индонезија. Авторите се од Австрија, Германија, Полска, Чешка, Словачка, Италија, Шпанија, Србија, Црна Гора, БИХ, Република Српска, Словенија, Хрватска и Македонија, истакна Ѓорѓијоски.Додава дека промоцијата на книгата е закажана за в среда во Виница, како дел од Фестивалот за хумор и сатира Ин Виница Веритас.-Истиот ден ќе има и промоција на темпоралната антологија на женски афоризми Женско писмо, која ќе ја промовираат авторот Деана Саиловиќ, Србија и јас како рецензент. Исто рака в среда ќе биде отворена изложба на карикатури на познатиот српски карикатурист Никола Драгаш, дополни Ѓорѓијоски.Во досегашните две изданија на „Трагачи по парадокси” објавени се над 2000 афоризми од познати сатиричари од Балканот. 

 

 




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.