Со грчката претстава „Чист град“ заврши 44. издание на МОТ

Со грчката претстава „Чист град“ заврши годинешново 44. издание на Млад отворен театар.

 

Во девет фестивалски вечери, со театарски претстави, концерти, презентации, работилници и промоции, МОТ се обиде да го сврти вниманието кон убавите нешта, кон културата и уметноста.

 

„Со цел да ја зголемиме видливоста и достапноста на културната понуда во нашата земја, уште во февруари најавивме дека ќе го поместиме терминот на МОТ. Сепак, термините повторно се поклопија со голем број други културни настани. Но, мотовска публика, верна на рафинираниот програмски избор, со радост го чека секое негово следно издание, желна да ги погледне и поздрави европските театарски имиња како што оваа година меѓу другите во програмата беа и Томи Јанежиќ, Мотажстрој, The Tiger Lillies”, изјави Русе Арсов, директорот на МКЦ.

 

Содржински изборот на годинешните претстави се движеше околу темите за работниците, миграциите, профитот, стравот, новите генерации и го држеше текот на европските театарски тенденции.

 

Деветдневната фестивалска програма беше реализирана со поддршка од Министерство за култура и Град Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.