Заврши меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“ во Свети Николе

Заврши меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“ во Свети Николе. На 14. ликовна колонија „Ѓуриште“ учествуваа 14 сликари од Србија, Црна Гора, Бугарија и од земјава, кои седум дена твореа на две локации во Светиниколскиот регион, во Ѓуриште и селото Црнилиште.

 

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски истакна дека е задоволен што традицијата продолжува, а уметниците создале дела, што остануваат во сопственост на општината.

 

– Имавме  вкупно 14 сликари, како што и претходно информираме  најмладиот сликар на колонијата е 23 годишниот Бојан Тасев од Свети Николе, а највозрасниот ни беше од Србија, вели Велковски.

 

Ликовната колонија „Ѓуриште“ ја организира Домот за култура во Свети Николе, а 28-те слики од колонијата ќе бидат изложени на 14 септември на Денот на ослободувањето на Свети Николе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.