Завршуваат седмите „Владимирски илинденски средби“

Под мотото „Ладимерци дека и да сте за Илинден дома да сте“, во беровското село Владимирово денеска завршуваат седмите „Владимирски илинденски средби“.

Во рамки на последниот ден од празнувањата, како што информираше Бранко Ужевски, претедател на здружението кое го организира настанот, се одржаа најавените спортски натпревари во мал фудбал.– На турнирот учествуваат неколку екипи од Берово и околината. Турнирот е со симболични награди, а неговата цел е младите меѓу себе покрај што ќе се натпреваруваат и заеднички да се дружат. Последната вечер од нашите средби е посветена на најмладите. Се организира игранка, на која ќе се пее, свири и игра до раните утрински часови, изјави Ужевски.

 

 

Во текот на изминатите три дена во Владимирово настапија Јордан Митев, Ирена Спасовска и локални уметници. Сето тоа, како што дополни Ужевски, му донесе бенефит на селото, со тоа што Владимирово го посетиле над 1.000 гости.– Освен огромната посетеност, она што е најважно за нас, е тоа што и годинава продолжи традицијата, а тоа е иселениците за Илинден да го посетат родното Владимирово, исполнувајки го аманетот на Владимирци, а тоа е за Илинден да бидат во родниот крај, додаде Ужевски.Во текот на вчерашниот ден на планината Готен се одржа и традиционалното Владимирско „муарабе“, традиција која е дел од збиднувањата на годинашните „Владимирски илинденски средби“.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.