Почна вториот дел од Парк фестивал во Гостивар

Вториот дел од шестдневниот фестивал што годинава се одржува во Гостивар, почна синоќа со три рок концерти. Во градскиот парк гостиварци има можност да ги проследат настапите на Џерико (Jericho), К’пурдат (Këpurdhat) и Сарита и Д бојз.

 

Првиот дел од „The Park Festival“ почна минатиот викенд, 26, 27, 28 јули, а програмата ќе продолжи денеска и утре. Вечерва на сцената близу градскиот стадион електронска музика ќе изведуваат ди-џеите Мартин Стиминг, Интелект ака Јертон, Сир Фикс и Редон Роби.

 

Утре на последната фестивалска вечер ќе има џез програма. На сцената, која за оваа прилика ќе се монтира над коритото на Вардар ќе настапат Елина Дуни и Сашо Поповски Трио.

 

На првата вечер настапија Mc Kresha&Lyrical Son, ден потоа фестивалот продолжи со настапите на „Ареа“ и „Offchestra“, а првиот дел заврши со настап на локални диџеи: Vig Shpuza, Cass и D’On.

 

„The Park Festival“ се одржува првпат и според организаторите неговата реализација чини околу 70 илјади евра, од кои 50 илјади евра финансира Министерството за култура во рамки на годишната програма, а остаткот се од Општина Гостивар и сопствени средства. Според програмата и учесниците, фестивалот има мултиетнички карактер и се одржува во период во кој иселениците доаѓаат во родниот крај.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.