Во Велес отворена стрип изложба на млади автори од Велес,Куманово и Кавадарци

Изложба на стрипови на млади автори синоќа беше отворена во Ликовниот салон во Велес. Изложбата е дел од проектот „Стрип училиште-стрипот во интеркултурна едукативна мисија“ на Стрип-Центарот на Македонија од Велес, а на неа учествуваа млади автори, основци и средношколци  од Велес, Куманово и Кавадарци.

 

За време на дводневното стрип- училиште, 25 и 26 јуни, во Ученичкиот интернат во Велес млади автори од разна етничка припадност од трите градови, твореа стрипови на разни теми.

 

Ване Трајков, претседател на СЦМ-Велес, појасни дека целта на стрип-училиштето била младите талентирани уметници да научат некои финеси од стрипот и уште повеќе да го засакаат и да се насочат кон стрип- творештвото.

 

Проектот, кој е финансиран од Министерството за култура во рамките на програмата за интердисциплинарни дејности, ќе заврши до крај на месецот.

 

Синоќешната беше првата од трите планирани изложби до крајот на  јули.

 

По Велес, вакви изложби ќе бидат отворени и во Куманово и Кавадарци, односно во  градовите од  каде беа останатите учесници на стрип училиштето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.