Почнува 4. КРИК – Фестивал за критичка култура

 „Човек без својства – политики на маргините“ е темата на првиот дел од годинашниот КРИК – Фестивал за критичка култура што почнува денеска и ќе трае до 22 јуни.

 

Четвртото издание на КРИК ќе се одвива како процес низ неколку етапи во годината, информира  организаторот Контрапункт – асоцијација за разво на критичка теорија, социо-културен активизам и современи културни практики.

 

Фестивалот официјално ќе биде отворен утревечер во 19:30 часот, во Националната галерија Чифте амам со предавањето на Нејтан Браун, професор по англиски јазик и управител на Центарот за проширена поетика на Универзитетот Конкордија во Монтреал Канада.

 

Вечерва, пак, од 19:30 часот, во кафе – кино Котур, како бонус содржина, во рамки на програмата „Критичко читање низ филмови“, ќе биде прикажан филмот „Јас бев дома, но“ (2019) во режија на Ангела Шанилек.

 

„Човек без својства – политики на маргините“, пак, ќе ги спои различните дискурзивни, уметнички, општествени, активистички и политички практики низ кои ќе се обиде критички да ги истражи и презентира алатките, размислите и дејствувањата преку кои ќе можат да се создадат новите текстови на културата и уметноста, велат од Контрапункт.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.