Прилеп ги отвори вратите на музеите цела ноќ

Вечерва во чест на Меѓународниот ден на музеите, 18 мај, се отворени вратите на: Археолошката музејска поставка во рамките на прилепскиот Завод и музеј, Лапидариумот кој официјално отворање ќе има во вторник, 21 мај, потоа Меморијалниот музеј „11 Октомври", спомен-куќата на Кузман Јосифоски Питу , Галеријата на икони и Музејот на тутун.

 

Според Благоја Атанасоски, директор на прилепскиот Завод и музеј отворените поставки во Прилеп потврдуваат сокакво културно и историско богатство располага градот, особено што пред очите на јавноста е најновата поставка на архелошки артефакти на Лапидариумот.

 

-Ги отворивме изложбените поставки за сите посетители. Имаме што да им понудиме на сите посетители. Со Лапидариумот што ќе биде и официјано отворен, Досега не била отворена таква поставка, Тоа е излоѓба на 60 ина артефакти од сите ахеолошки локалитети во Прилепско. Тоа е едиствена изложбена поставка и доаѓа во пресрет на прославата на 65 –годишнината од постоењето на прилепскиот музеј која е догодина, рече Атанасоски.

 

За прилепскиот градоначалник Илија Јованоски Прилеп има со што да се пофали, нагласувајќи го неизмерното културно богатство.

 

– И оваа година, Заводот и музеј Прилеп се вклучи во одбележувањето на прославата „Европските ноќи на музеите" како интернационален ден кој го прославуваме. Прилеп има со што да се пофали и со што да слави. Поседува огромно културно наследство, трација со што сите треба да се гордееме. Шесте поставки и музеите што ги имаме заслужуваат внимание и секој поединечно раскажува приказна за нашиот град, како град на тутунот, на културата, град-херој. Сето тоа заслужува да го видат вечерва сите наши граѓани, рече Јованоски.

 

Посетителите ќе може дауживаат во отворените поставки до 6 часот изутрината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.