„Риголето" вечер на програмата на 47. Мајски оперски вечери

Операта „Риголето", едно од ремек делата на Џузепе Верди ќе биде изведена вечер на сцената на Македонската опера и балет во рамки на 47. Мајски оперски вечери.

 

Режијата е на Нина Најденова од Бугарија, а диригент е Алесандро Д'Агостини од Италија, кој и е добро познат на македонската публика, диригент со импозантна кариера низ голем број европски оперски куќи.

 

Во главните улоги ќе настапат гостите од Италија – баритонот Алберто Гаѕале како Риголето и сопранот со префинета вокална техника, Линда Кампанела како Џилда. Гаѕале бележи блескава кариера со репертоар кој вклучува над 70 улоги, а настапува во Миланската Скала, Виенската „Штац" опера, Арена ди Верона како и во повеќето претижни оперски куќи низ Европа. Кампанела, пак, е редовен гостин на најпрестижните меѓународни оперски куќи настапувајќи низ целиот свет, а покрај тоа е наставник по вокална техника и интерпретација на Вокалната Академија во Торино.

 

Во улогата на Војводата од Матова ќе настапи Ифрим Космин од Романија, Владимир Саздовски како Спарафучил и Ирена Кавкалевска како Мадалена.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.