„Јужни реки" нова книга на авторот Панде Манојлов

Излезе од печат најновото поетско остварување на македонскиот писател, битолчанецот Панде Манојлов, со наслов „Јужни реки".

 

Книгата содржи 74 песни поделени на три циклуси „Тивкоод", „Поле за сонување" и „Омајниот вкус на татковината", изјави за МИА, авторот Манојлов.

 

-Песните од оваа стихозбирка  водат отворен дијалог со нашето денешно време и македонските збиднувања полни со патриотски призвук, иронизираат со општествените збиднувања, со прозаичното во политиката, укажувајќи притоа, дека македонското поднебје си е такво какво што си и е – македонско и секој треба да го чувствува омајниот вкус на татковината, посочи Манојлов.

 

Панде Манојлов, еден од најплодните македонски поети, е автор на 29 книги поезија, проза, книги за деца и млади и книга театарски критики. Со свои песни е застапен во повеќе антологии во САД, Кина, Индија, Франција, Бугарија, Палестина, Србија, Хрватска, Руската Федерација и други држави.

Стихозбирката „Јужни реки", финансирана од Министерството за култура, ја издаде  издавачката куќа „Силсонс" од Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.