Реномирани поети ќе читаат на Денот на поезијата

Македонскиот ПЕНцентар и Националната и универзитетска библиотека в четврток ќе го одбележат Денот на поезијата со поетско читање.

 

На читањето, кое традиционално се одржува во НУБ „Св. Климент Охридски“ на 21 март, ќе учествуваат Зоран Анчевски, Весна Ацевска, Михаил Ренџов, Санде Стојчевски, Јовица Тасевски Етернијан, Катица Ќулавкова, Иван Џепаровски, како и други членови на Македонскиот ПЕН-центар.

 

Наташа Аврамовска ќе yпaти послание до поетите во светот, велат организаторите на настанот.

 

Светскиот ден на поезијата е востановен во 1999 г. од УНЕСКО и Меѓународниот ПЕН-центар, а годинава се слави по дваесетти пат.

 

Денот има за цел да ги афирмира различните светски јазици, особено загрозените, преку промовирање на поетското творештво.

 

Според Македонскиот ПЕН-центар, на 21 март поетите од целиот свет организираат јавни поетски читања, а се одржуваат и часови на кои наставниците и учениците зборуваат за улогата на поезијата во образованието и општеството.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.