„Еуропанорама“- патувачки фестивал на краток филм во Кинотека

Кинотеката на Македонија од денеска до 21 март ќе биде домаќин на првиот фестивал „Еуропанорама – денови на европски филм“, кој ќе прикаже десетина кратки филмови.

 

Еуропанорама“ ќе прикаже нови кратки филмови од Европа, со фокус и на нордиската кинематографија, од различни стилови и пристапи (анимирани, експериментални, фикциски и документарни) од млади филмски режисери.

 

Фестивалот вечер ќе почне во 19 часот со хрватскиот краток филм „Кокошката“ на режисерката Уна Гуњак. Влезот за сите проекции на тридневната „Еуропанорама“ е слободен.

 

На 22 и 23 март филмовите ќе се прикажуваат и во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар. „Еуропанорама“ е патувачки фестивал и досега ги посети Осло, Бејрут, Љубљана, Белград, Загреб, Грац, Рига, Копенхаген, Будимпешта. По гостувањето во Скопје и Гостивар, ќе продолжи во Минск, Подгорица, Трст…

 

Фестивалот се организира во соработка со Љубљанскиот интернационален фестивал на краток филм и „Transit Film Bazaar“.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.