На 8 локации во Скопјe граѓаните ќе можат да платат со поезија

Овогодинешната акција „Плати со поезија“ на Јулиус Мајнл оваа година ќе се одржи на 21-ви март, кога граѓаните ќе можат да ги остават телефоните од рака и да си дозволат да се инспирираат од кафето и да го платат со поезија.

 

Кампањата оваа година се одржува во над 40 држави од целиот свет и во Скопје, каде  секој ќе може да си го плати кафето со стих и поезија на повеќе локации во градот, а писателите и поетите од Македонија ќе им помогнат да ја пронајдат внатрешната инспирација заедно со Јулиус Мајнл.

 

За разлика од минатите години, оваа година, сите кои ќе напишат песна или поема влегуваат во меѓународната наградна игра на Јулиус Мајнл преку која само 6 лица од цел свет ќе може да се запознаат со Том Одел на неговиот концерт во Глазгов на 1ви јуни 2019 година.

 

Сѐ што треба да се направи е да се напише поемата или песната, да се сликне и да се постира на Инстаграм со хаштагот #PayWithaPoem.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.