Турски театар премиерно ќе ја изведе претставата за деца „Јунаци од бајките и Црвенкапа"

НУ Турски Театар – Скопје денеска премиерно ќе ја изведе претставата за деца „Јунаци од бајките и Црвенкапа", која од уметнички, технички и организациски аспект е реализарана од актерите на овој театар.

 

Со оваа претстава, НУ Турски Театар – Скопје  ја започнува програмата за 2019 година, со што продолжува со својата квалитетна и продуктивна работа.

 

Министерството за култура за НУ Турски Театар – Скопје за 2019 година од буџетот одвои средства за проекти во режија на Васил Христов, Билге Емин и Џабир Доко.

 

Од раководството на Театарот информираат дека додека ја реализираат програмата за 2019 година, паралелно се подготвуваат и за одбележување на 70-годишнината на НУ Турски Театар – Скопје во наредната 2020 година.

 

Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.