Манифестацијата ,,Роденден на уметноста,, по седми пат во МКЦ

Младинскиот културен центар со повеќе настани денеска од 18 часот до полноќ по седми пат ја организира манифестацијата „Роденден на уметноста“.

 

Во Џебното кино на МКЦ  има бесплатен филмски маратон – Љубовна филмска ревија со четири романтични филмови.

 

Ќе биде отворена изложба на фигури од пластелин, изработени од деветгодишниот Максим Цветановски и работилница за деца со Доротеј Нешовски во Детскиот креативен центар при МКЦ.

 

По 11 години повторно ќе гостува изложба од Музејот на раскинати врски, а ќе биде отворена и изложба на Сашо Димоски.

 

Во „Фросина“, пак, има промоција на книгата „Радио“ на новинарот Љупчо Јолевски, која  содржи интервјуа што авторот ги остварил во последните пет години со познати претставници на македонската културна сцена.

 

Ќе има и поетски перформанс „Песнило“ и концерти во салата „25 Мај“, а роденденот ќе заврши со настап на диџеите  Виолета Качакова и Мирко Попов во Бифе на МКЦ со почеток во 23 часот.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.