Жан-Патрик Конрад – добитник на наградата „Гоцева мисла“
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 16 Јануари 2019
Во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, годинашната меѓународна награда „Гоцева мисла” му се доделува на Жан-Патрик Конрад, претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите со седиште во Париз.
Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент”, во чест на роденденот на Гоце Делчев и неговата позната мисла „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”.
Доделувањето на наградата ќе биде рамки на меѓународната манифестација „Фестивал на чајот и читањето” која почна вчера и ќе трае до 15 февруари.
Досегашни добитници на „Гоцева мисла” се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија-Македонија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Македонија-Словачка), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија), Ресул Шабани (Македонија), Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија) и Ристо Василевски (Македонија-Србија).
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс