Избрана замената на Натали Вуд во преработката на „Приказна од западната страна"

Режисерот Стивен Спилберг ја избра 17-годишната средношколка Рејчел Зеглер за главната улога во својата преработка на оскаровскиот филм „Приказна од западната страна".

 

На аудицијата се пријавиле 30.000 млади девојки.

 

Приказната првпат е поставена како мјузикл на Бродвеј во 1957, а во 1961 година беше објавен и филмот кој стана класика и доби 10 оскари. Главната женска улога ја имаше Натали Вуд, а главната машка – Ричард Бејмер.

 

Главната улога во преработката му припадна на Ансел Егорт кој веќе стана светски познат по неколку тинејџерски филмови.

 

Снимањето на проектот на Спилберг почнува налето. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.