Во Египет откриени гробови со мумифицирани животни

Археолозите откриле мумифицирани животни во неколку древни египетски гробови во областа на некрополата Сакара, која се наоѓа во близина на Каиро. Сензационалното откритие го објави министерот задолжен за античките споменици Калед ал-Анани.

 

"Гробовите од времето на новото Кралство се користеле за да ги закопаат мумифицираните мачки", рече ал-Анани. Тој додаде дека мачките што живееле и служеле во храмовите биле веројатно закопани таму. Пронајдени се неколку стотици мумифицирани животински тела.

Во посебен саркофаг пронајдени се стотици мумифицирани скараби, пронајдени мумии од кобра, крокодили и лавови.

Новите откритија ќе бидат изложени за посетители од 15-ти ноември во музејот лоциран во областа Сакара. Изложбата ќе трае еден месец.

Калед ал-Анани вети дека до крајот на оваа година ќе бидат објавени две нови важни археолошки откритија кои беа направени неодамна во Египет.

Археолошкиот комплекс Сакара во близина на египетската престолнина е една од најстарите некрополи. Првите погребувања датираат од времето на династијата Прва фараон (XXXI - XXIX век до нашата ера).



 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.