Изложба на дела на Дичова и Манчева во Прилеп

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков" во Прилеп утревечер ќе биде отворена изложба од уметниците Марија Дичова и Симона Манчева.

 

Како што информираат од Центарот за култура, идејата за овој заеднички проект на двете уметнички се заснова на користење на отпадните материјали. Самите дела опфаќаат некој општествено, социјален, интимен, психолошки и естетски момент. Се креира уметничкото дело, а преку идеја уметниците Дичова и Манчева рекреираат општестен проблем или пак со самата негова примена како основен медиум градат една целина, т.е. уметничко дело.

 

Дичова и Манчева се уметници од Кавадарци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.