Во Велес отворена изложбата на Агрон Салиу „Ризница од вредности и значења"

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложбата „Ризници од вредности и значења“ на Агрон Салиу 33 годишен ликовен уметник од Тетово, кој за првпат изложува во Велес.

 

На изложбата се претставени 35 дела во кои централниот мотив е портретот.

 

Како што појасни пред присутните Анита Василкова Мидоска од Народниот музеј, кој е организатор на изложбатa, презентирани се 35 дела во кои централниот мотив е портретот.

 

- Портретот е дел од уметноста преку кој Агрон Салиу ја креира длабоката психолошка, а пред се емотивна природа на ликот кој го презентира. Неговите творби во себе ја сплотуваат ликовната умешност и умешноста проткаена со предизвикот преку сопствениот ракопис и четка да ја презентираат човечноста на ликот. Кога велам човечноста тоа значи дека пред нас во неговите уметнички дела е распослана комплексноста на емотивноста и емоционалноста на човечкото битие, а тоа значи да го препознаеме плачот, среќата, смиреноста и рикот за живот во секое дело или во секој лик. Во неговиот колорит дури и светлината и темнината имаат улога на емоција, а дисторзијата на ликовите се во функција не само на уметничкиот израз туку многу повеќе како рефлексија на човековата кршливост и немоќ која е проткаена во делото, која го води набљудувачот низ емотивната и уметничка патека креирана во процесот на создавањето, појасни Василкова Мидоска.

 

Таа потенцира дека затоа „патеката која води кон вистината“ во овие дела е создадена од емоционалниот крик на ликот, емотивно-уметничка експресија на авторот и  сензибилитет на гледачот и дека токму во духот на таа синергија треба да се набљудува и доживее изложбата и секој од посетителите да го понесе во себе највредниот дар од „Ризницата на вредности и значања“.

 

Во изјавата за медиумите на уметниот Агрон Салиу, потенцира дека е среќен  и има чест што за првпат изложува во градот на Рацин.

 

- Јас во портретите ги презентирам луѓето со кои што се дружам од разни социјални слоеви. Портретот го третирам повеќе од десет години и ликовите тука претставени се мои персонажи, а некогаш сликам и некој од моето семејство, зависи од моето расположение. Преку ликовите јас „пукам“ од моето незадоволство и моето задоволство, појасни авторот.

 

Неговите портрети се со едно и без ниедно око, но сепак зрачат и гледаат.

 

- Тоа е така затоа што преку моите портрети е претставено незадоволството кај луѓето, зошто велат нема  поќор од тој што не сака да гледа. Тоа е така на пример бидејќи младите имаат потешкотии за вработување и други проблеми и некои кои  што им ги прават проблемите  и јас затоа  преку своите слики тоа го претставувам  преку детали, а  што е многу сложено да се претстави преку уметноста и така настануваат овие мои портрети, појасни авторот Салиу.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.