„Еден месец на село" - прва премиера на МНТ во новата сезона

 

Првата премиера на Македонскиот народен театар во новата сезона ќе биде на 29 септември - претставата „Еден месец на село“ од Иван С. Тургењев на италијанскиот режисер Паоло Маџели.

 

Оваа комично-тажна руска приказна првпат е поставена во 1872 и раскажува за Наталија, жена на богат земјопоседник, и младата Верочка, кои се вљубуваат во учителот на синот на Наталија. Низ драмата провејува темата за љубовта и нејзините идеали, стремежот за среќа и возбудувања, но и прашањето на кое човекот понекогаш бара одговор – зошто човековата природа е таква што не може вљубеноста и среќата да ги задржи долго во себе.



Улогите ќе ги играат: Ѓорѓи Јолевски, Сашка Димитровска, Дарја Ризова, Катерина Коцевска, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Ристановски, Стефан Спасов, Нино Леви, Сашко Коцев, Дамјан Цветановски и Ана Стојановска.

 

Катерина Коцевска го направи преводот и адаптацијата на текстот. Сценограф е Лоренцо Банчи, костимограф - Мануела Паладин. Музиката е на композиторот Љупчо Константинов.

 

Новата премиера почна да се подготвува во март и таа е втора соработка на МНТ и режисерот Маџели - во 1988 година на големата сцена беше премиерата на претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски.



 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.