Поволностите за странски филмски продукции претставени на фестивалот во Олденбург

 Агенцијата за филм на Република Македонија ја претстави македонската кинематографија и продукциската дејност на „Matchbox co-production lounge“ во рамки на  25. Филмски фестивал во Олденбург, Германија, кој се одржа од 13-ти до 16 септември. 

 

- На фестивалот, кој го носи епитетот „’Санденс’ во Германија“, беше презентирана Агенцијата и можностите и поволностите за привлекување странски филмски продукции, атрактивни локации за снимање, како и можноста за поврат на вложените средства согласно со Законот за филмска дејност, соопшти Агенцијата за филм.

 

Пред заинтересирани странски продуценти на настанот продуцентката Марија Димитрова го претстави проектот „Сестра“ на режисерката Дина Дума, а  Вардан Тозија својот  филмски проект „М“.

 

Светска премиера во официјалната конкуренција на фестивалот во Олденбург имаше македонскиот филм „Враќање“ на режисерот Кастриот Абдули.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.